Нинхидринот се користи за да се визуализираат латентни отпечатоци на порозни површини. Тој реагира со амино киселини присутни во пот.
Прибор
Вага, лабораториски чаши, мензура, четка, магнетна мешалка и тефлонско мешалче, комора со контролирана влажност и температура, пегла на пара, шише прскалка, темни шишиња за растворите, латекс ракавици.
Хемикалии
Нинхидрин, метанол, изопропанол, петролетер
Приготвување на растворот
Се вага 0,5 g нинхидрин и тие се раствораат во 3 mL метанол при постојано мешање. Потоа, кон приготвениот раствор се додава 4 mL изопропанол и 93 mL петролетер. |
Начин на работа
Растворот од нинхидрин (Сл. 1) може да се примени врз примероците со прскање, потопување или мачкање со четка.
Се чека да се исуши примерокот.
Понатаму се подложува на висока влажност и температура. Тоа може да се изведе со примена на пегла со водена пара.
Стандардниот метод е во комора со влажност помеѓу 60 % и 70 % за најдобри резултати.
Чување: Темно шише
Рок на траење: До 1 година
|